За Партизан да се најде во плеј-инот на Евролигата потребно е Ефес да претрпе пораз од Црвена Звезда, а потоа на домашен терен во пеколна атмосфера „црно-белите“ да слават против Валенсија во натпреварот кој ќе биде одигран во петок.
Но, за триумф против Шпанците, Партизан ќе има тешка задача поготово доколку се земе во обѕир фактот дека на оваа средба Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на услугите на американскиот бек Пи-Џеј Доузер.
Поранешниот НБА кошаркар кој го предводеше Партизан со 15 поени до триумф во последното коло во Евролигата против Алба Берлин се пожалил на повреда и нема да биде во комбинација за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА