Реал Мадрид израмни на 1-1 во големото финале на Копа дек реј против Барселона, благодарение ан маестралниот погодок што го постигна Килијан Мбапе од слободен удар.
Французинот влезе во игра на стартот од второто полувреме и веднаш донесе енергија во нападот на „кралевите“, отвори многу простор за Винисиус, но што е најважно, блесна кога него му се укажа шанса.
Мбапе самиот изнуди прекршок на дваесетина метри п извонредниот соло-продор по кој Де Јонг го запре со старт за жолт картон. Големиот ас потоа сам ја презеде одговорноста, мајсторски шутираше во аголот на голманот и го изненади Шчесни, на огромна радост на навивачите на Реал во Севилја.
Прекреасниот погодок на Килијан Мбапе можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА