Голем инцидент: Англичаните се истепаа меѓу себе пред „Вембли“

Англискиот празник на фудбалот се претвора во хаос откако стотина фанови на „гордиот албион“ беа дел од масовна тепачка пред стадионот „Вембли“, на само неколку часа пред почетокот на големото финале на ЕВРО 2020 против селекцијата на Италија.

Навивачите кои пристигнаа од Италија засега се изолирани и ќе пристигнат директно на стадионот за да биде спречен конфликт меѓу двете групи, но тоа не им пречеше на Англичаните да се истепаат меѓусебно.

Инцидентите почнаа на „Лестер Сквер“ во Лондон, каде домашните фанови фрлаа со шишиња едни кон други, за потоа ситуацијата да кулминира пред „Вембли“, каде дојде до масовна тепачка, но за среќа полицијата спречи уште поголем хаос.

Се вчитува...