Голем инцидент на Индијан Велс – Андреева кон публиката на цел глас: „Е*ете се сите!“ (ВИДЕО)

На Мастерсот во Индијан Велс се случи голем инцидент откако руската тенисерка Мира Андреева го загуби мечот во третото коло од Катарина Сињакова.

Осмата носителка и бранителка на титулата беше поразена по голема борба, со 4-6, 7-6(5), 6-3, а дуелот беше обележан со нејзината бурна реакција на теренот.

За време на мечот, Андреева демонстративно го фрлаше и кршеше рекетот неколку пати, а по тај-брејкот од вториот сет, доби опомена за таквото однесување. Публиката почна да се жали, што ја вознемири младата тенисерка уште повеќе.

По завршувањето на мечот, Андреева целосно ја изгуби контролата. Додека го напушташе теренот, се сврте кон трибините и извика…

„Е*ете се. Е*ете се сите“, извика Андреева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reketiranje (@reket.iranje)

18-годишната Русинка подоцна призна дека не е горда на начинот на кој реагирала по поразот.

„Секако дека можам да кажам дека поминував низ многу емоции по поразот. Но, секако, не сум многу горда на начинот на кој се справив со тоа. Не сум горда на тоа како се однесував на крајот“, рече руската тинејџерка на прес-конференција.

Таа додаде дека знае како мора да работи на контролирање на своите емоции.

„Тоа се работи на кои навистина треба да поработам што е можно поскоро. Не знам… не во далечна иднина, но штом ќе добијам шанса. Се надевам дека ќе работам на тоа и ќе станам подобра во тоа.“

Андреева, исто така, објасни дека нејзините зборови не биле насочени директно кон публиката.

„Беше упатено до мене, во основа до сите. По пораз, многу се лутам, па понекогаш си кажувам такви работи. Мислам, пред сè на себе, секако, но потоа… тоа е само ослободување на лутина, многу емоции. Не беше насочено кон никого конкретно.“

Интересно е што ја наведе Серена Вилијамс како пример за однесување по поразот.

„Всушност, неодамна размислував за тоа. Мислам дека една личност која многу добро се справи со поразот беше Серена Вилијамс, никогаш не сум ја слушнала ниту видела лута.“

Се вчитува...