За време на собирот на навивачите на Партизан, кои го поддржуваат Жељко Обрадовиќ пред Белградска арена, имаше неколку инциденти. Тренингот на кошаркарите на Партизан беше прекинат околу 17.30 часот, односно половина час откако започна.
Оградата и отпорот на редарите беа пробиени, така што одредени навивачи на црно-белите почнаа да удираат по вратите и прозорците на малата сала каде што кошаркарите на белградскиот тим тренираат. Сето ова се случи откако се појави информацијата дека клубот дефинитивно ја прифатил оставката на Обрадовиќ.
Во малата Арена има и припадници на полицијата со цела опрема за разбивање на демонстрации.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

