Голем јубилеј: Андреа Лекиќ стигна до 1.000 голови во Лигата на Шампионите

Андреа Лекиќ денеска прослави фантастичен јубилеj откако стигна до 1.000 погодоци во својата кариера на натпреварите од Лигата на Шампионите.

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар важи за една од најдобрите во овој спорт во последната деценија, а Лекиќ стигна до јубилејот на гостувањето со својот Ференцварош во Полска, против екипата на Заглебје на кој Србинката постигна шест погодоци. Таа севкупно има 992 гола во ЛШ, но заедно со осумте погодоци постигнати во квалификациите за елитното натпреварување постинати во дресот на Вардар стигна до големиот јубилеј.

Лекиќ е четвртата ракометарка во „Клубот 1.000“, каде за друштво ги има Јованка Радичевиќ, Кристина Неагу и Анита Горбич.

Се вчитува...