Капитенот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген се најде во составот на својот тим за натпреварот против Реал Мадрид во финалето на Купот. Германецот се најде на списокот на 22. фудбалери кои ќе бидат дел од финалниот меч на „Каталонците“ кој е на програмата утре од 22 часот.
Германскиот голман за првпат се наоѓа во составот по 22 септември, кога заработи тешка повреда на десното колено.
Со сигурност стартер ќе биде Војчех Шчесни, а Тер Штеген ќе биде на клупата, и не е можно да добие шанса во овој момент. Меѓутоа се очекува Тер Штеген да добие шанса на некој од натпреварите до крајот на сезоната.
The captain… is back! pic.twitter.com/klwzJdr1KQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА