Голем камбек: Победа на Топиќ на првиот меч по тешката болест

Никола Топиќ долго чекаше и конечно дочека – се врати на кошаркарските терени откако младиот српски кошаркар на стартот од сезонава мораше да биде опериран по ракот на тестисите што му беше дијагностициран.

Младиот плејмејкер, кој минатата сезона ја пропушти поради тешка повреда на коленото, сепак успеа да го остави сето тоа зад себе и рано утрово конечно го имаше својот камбек. Тој настпаи во развојната Џи-лига за тимот на Оклахома Сити блу против Силјук Фокс, а веќе при првиот допир со топката, од аут имаше асистенција и ги крена на нозе сите присутни во салата.

Во Оклахома Сити не кријат, доколку Топиќ влезе во ритам преку Џи-лигата планот е Србинот до крајот на оваа сезона да заигра и за првиот тим во НБА-лигата.

Затоа што поседува квалитет, но и покажа карактер и ментална сила како никој друг во НБА во последните сезона и половина.

 

Се вчитува...