Голем кикс на Бразил против Венецуела, ВАР им поништи два гола (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил синоќа во 2. коло од Копа Америка одигра натпревар без голови против Венецуела. Бразилците беа убедливи во првото коло победувајќи против Боливија со 3-0, но против Венецуела не успеаја да стигнат до триумф и покрај доминацијата.

По мирното прво полувреме, Бразил постигна гол во 60. минута. Но радоста на „кариоките“ беше запрена откако судијата го поништи голот по прегледувањето на ВАР системот.

 

Интересно, во 87. минута Бразилците постигнаа и втор гол, но и тој исто така на асистенција на ВАР беше поништен поради офсајд, па на крајот остана 0-0.

Во вториот натпревар од оваа група Перу победи против Боливија со 3-1.

Се вчитува...