Голем „кикс“ на футсал-репрезентацијата против Андора (фотогалерија)

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра разочарувачки 1-1 на домашен терен против Андора, па нашата селекција ќе мора да почека за првиот триумф во квалификациите за ЕП 2026.

По стартниот пораз од Унгарија, очекувањата беа дека денеска ќе се стигне до рутински триумф, но Македонија одигра далеку под своите можности и не стигна до посакуваниот цел плен.

Петровиќ во 33. минута конечно донесе предност на Македонија од 1-0, но радоста траеше помалку од минута, бидејќи гостите преку Сегура стигнаа до израмнувачки погодок.

Квалификациите за Македонија продолжуваат во јануари, кога во Скопје ќе гостува првиот фаворит во групата, селекцијата на  Португалија.

 

Се вчитува...