Голем кикс на Наполи во Удине, на Фиорентина ѝ нема спас (ВИДЕО)

Екипата на Наполи не успеа да го искористи киксот на првопласираниот Милан и да се искачи на првото место, откако загуби на гостувањето во Удине со 1-0.

Елиф Елмас почна како стартер кај гостите и беше сменет во 83. минута, а претходно во 73. минута Екелнкамп постигна гол за триумф на Удинезе, и враќање на Наполи чекор назад во битката за титулата.

Екипата на Фиорентина е се поблиску до Серија „Б“ откако денеска на домашен терен загуби од Верона со 1-2. Со тоа „виолетовите“ останаа заковани на дното на табелата со само шест бодови, и дури осум бодови подалеку од опасната зона.

Орбан во 42. минута донесе водство за гостите. Автоголот на Нуњез донесе израмнување, а потоа Орбан во третата минута од судиското надополнување и го загорчи животот на екипата на Фиорентина со уште еден пораз.

Се вчитува...