Големи се шансите Реал Мадрид после само едно коло да го загуби врвот на табелата во шпанската Ла Лига, откако доживеаја пораз на гостувањето кај Осасуна со 2-1. Со тоа разликата со Барселона остана на два бода, со тоа што „Каталонците“ имаат меч помалку.
Дека Осасуна е сериозна во намерата да дојде до добар резултат со фаворитот, покажа шансата на Будумир во 28. минута кога ја погоди стативата. Во 37. минута Будимир од пенал, сепак, успеа да донесе предност за домашните.
Во 73. минута Валверде асистира до Винисиус Жуниор кој го израмни резултатот.
Осасуна до голема победа стигна во втората минута од судиското надополнување. Раул Гарсија откако прими топка, ја измеша одбраната на „кралевите“, и самиот погоди во мрежата за голем триумф на тимот од Памплона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

