Голем „кикс“ во финишот го чинеше Монако два бода во Тулуз (видео)

Првиот меч од 25. коло во францускиот шампионат немаше победник,  откако Тулуз ремизираше на домашен терен против Монако со 1-1, и тоа со гол што домаќините го постигнаа во судиското продолжение по недоразбирањето на одбраната на „кнезовите“

Резултатот беше отворен во 17. минута, кога Монако го постигна водечкиот гол преку Минамино откако Јапонецот се најде на вистинското место по една одлична акција и од непосредна близина ја смести топката во мрежата.

Монако делуваше во контрола, Тулуз се мачеше да создададе стопроцентна шанса, а потоа во 91. минута гостите самите си ја искомпликуваа судбината. По едно долго додавање голманот и централниот дефанзивец на Монако беа несигурни кој прв да дојде до топката, тоа го искористи Магри, кој мајсторски погоди за израмнување и бод на Тулуз на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...