Голем малер: Егзум ја пропушта цела НБА-сезона

Данте Ексум се соочи со огрромен проблем откако австралискиот репрезентативец дозна дека ќе мора да замине на нова операција на коленото.

Австралискиот плејмејкер ги брани боите на Далас маверикс, но последниот меч го одигра пред повеќе од седум месеци, по што му беше извршена операција на десното колено. Рехабилитацијата течеше побавно од прогнозите, за денеска да пристигне уште полоша вест – поранешниот ас на Партизан ќе мора повторно „под нож“.

Новата операција ќе значи пауза од најмалку шест месеци, што значи дека Австралиецот воопшто нема да одигра ниту еден меч за Далас во сезоната 2025/26, откако летово потпиша договор со овој клуб за плата од 3,3 милиони долари.

Ексум од враќањето во НБА-лигата одигра вкупно 75 меча за Далас, од кои само 20 минатата сезона.

Се вчитува...