Голем малер: Нова тешка повреда на Нуркиќ

Јусуф Нуркиќ дефинитивно е еден од најмалерозните кошаркари во НБА-лигата откако босанскиот центар синоќа заработи нова тешка повреда.

Нуркиќ, кој минатото лето се врати по тешката фрактура на ногата, овојпат заработи скршеница на зглобот на раката, и тоа при една навидум сосема вообичаена акција. Малколм Бродгдон тргна на положување, а Нуркиќ се обиде да му ја избие топката од раце. Центарот на Портланд веднаш почувствува дека нешто не е во ред и се упати кон соблекувалната, а деталните прегледи само потврдија дека станува збор за сериозна повреда.

Се очекува врз Нуркиќ да биде извршен хируршки зафат, по што ќе биде познато и колку ќе изнесува неговата пауза од кошаркарските терени.

Се вчитува...