Марко Пјаца важеше за еден од најголемите таленти на хрватскиот фудбал, но серијата тешки повреди го спречуваат овој фудбалер да заигра во рамките на своите можности. Сезонава тој ја мина во Фиорентина, но повторно ќе ја финишира во болнички кревет наместо на терен откако беше обелоденети дека Пјаца заработил нова тешка повреда на коленото.
„Марко Пјаца заработи повреда на левото колено за време на еден од последните тренинзи. За жал, деталните прегледи покажаа дека внатрешните лигаменти се значително оштетени, поради што ќе мора да биде извршена операција и ќе следи нова долга пауза“ – соопштија од лекарскиот тим на Фиорентина.
„Виолетовите“ го доведоа 23-годишниот Хрват на позајмица од Јувентус, но по ваквиот развој на настаните речиси сигурно е дека тие воопшто нема да испратат понуда за да го откупат договорот на поранешниот капитен на Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА