Голем малер: Вајналдум пред долга пауза, има скршеница на ногата

Џини Вајналдум требаше да биде сериозен адут на Жозе Мурињо во Рома, но екс-фудбалерот на Ливерпул и ПСЖ малерозно ја почна авантурата во Италија, здобивајќи се со сериозна повреда.

Тој се повреди на вчерашниот тренинг на „волчицата“, а деталните прегледи покажале дека станува збор за скршеница на потколеницата на десната нога.

Од Рома ги потврдија стравувањата за сериозноста на повредата, наведувајќи дека во наредните денови ќе бидат извршени нови прегледи, по што ќе биде познато и дали Вајналдум ќе мора да биде опериран. Во секој случај, за очекување е Холанѓанецот да го пропушти претстојното СП во Катар, а неговиот камбек на терените би можел да се очекува во 2023 година.

Се вчитува...