Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа напредок од 60 места на последниот АТП ранкинг и во моментот ја завзема 793. позиција на ранг листата, драстично напредувајќи кон својот најдобар пласман од пред тешкта повреда.
За разлика од Ивановски, пад на листата од 96 места забележа Горазд Србљак кој во моментот е изедначен на 1442. позиција на ранг листата.
Напредок од осум места на последниот ВТА ранкинг забележа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и таа во моментот е на 307. место.
Магдалена Стоилковска пак забележа пад од 15 места и во моментот е на 1422. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

