Голем пех за Милано и Димитријевиќ, се повреди Ледеј

Кошаркарот на Армани од Милано, Зак Ледеј заработи повреда на рамото на вчерашниот натпревар против Венеција. Веднаш беше јасно дека Зек Ледеј сериозно го повреди рамото по 22 минути од натпреварот во кој постигна пет поени. И Еторе Месина веднаш по дуелот истакна дека репрезентативецот на Азербејџан ќе мора да паузира долго време, а сега тоа го потврдија и од клубот.

Ледеј го дислоцираше левото рамо и останува да се утврди колку точно ќе треба да биде надвор од терените.

Сето ова доаѓа кога Армани почна да бележи солидни резултати. Моментално се на деветтото место со скор 12-10 и ќе им биде исклучително тешко да продолжат во тој ритам, имајќи предвид дека се повреди и Никола Миротиќ.

Ова е голем хендикеп за тимот на Димитријевиќ пред продолжението во Евролигата. Милано во четврток гостува во Истанбул кај екипата на Анадолу Ефес.

Се вчитува...