Голем пех за Партизан пред мечот со Макаби

Кошаркарите на Партизан нема да бидат комплетни ниту за следниот натпревар од Евролигата, против Макаби во 19. коло, кој ќе се игра во Белград.

Тренерот на црно-белите Жељко Обрадовиќ за овој меч не може да смета на крилниот центар Ајзеа Мајк, како и на Вања Маринковиќ и Митар Бошњаковиќ кои отсуствуваа извесно време.

„Ајзеа синоќа не се чувствуваше добро – ќе видиме дали ќе биде подготвен“, изјави Обрадовиќ. 

Добрата вест е дека Ифе Лундберг тренира, но останува да се види дали и колку може да му помогне на тимот против Макаби.

Се вчитува...