Полска на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија нема да може да смета на услугите на голгетерот Аркадиуж Милик кој се повреди на последниот подготвителен натпревар против Украина.
Фудбалерот на Јувентус по само четири минути мораше да го напушти теренот, а лошата вест ја откри и селекторот Михал Пробиерз.
„Милик нема да оди на Европското првенство“, изјави селекторот.
Триесетгодишниот Милик е втора опција во полската репрезентација зад Роберт Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

