Голем пех за Србија: Богдановиќ го пропушта Евробаскет 2022

Србија ќе биде сериозно ослабена за претстојниот Евробаскет откако беше обелоденето дека Богдан Богдановиќ поради повреда нема да може да настапи за својата репрезентација на континенталниот собир што е закажан за месец септември.

Богдановиќ секогаш позитивно одговарал на повиците за настап во репрезентацијата иако настапува во НБА-лигата, но новата повреда на коленото значи и нешто подолга пауза за одличниот шутер.

„Нашиот репрезентативец пред две-три седмици го оперираше десното колено, а рехабилитациајта трае долго, најмалку три месеци. Цело време сме во контакт, хируршкиот зафат мина без проблеми во клиника во Калифорнија, каде тој ќе остане уште најмалку еден месец пред да дојде во Белград“, изјави долгогодишниот лекар на српската репрезентација, Драган Радовановиќ.

Србија е дел од групата што ќе се игра во Прага, заедно со селекциите на Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.

Се вчитува...