Ерик тен Хаг ќе има опција плус во одбраната во блиска иднина по одличната вест дека Лук Шо ги надмина проблемите со повредата поради која три месеци беше надвор од терените.
Стандардниот лев бек настапи на првите две средби со Вулверхемптон и со Тотенхем, но потоа поради тешка повреда на мускулот предолг период мина надвор од тимот на Тен Хаг. Денеска „црвените ѓаволи“ објавија одлична вест – англискиот репрезентативец го минал целиот тренинг со остатокот од првата екипа.
„Манчестер Јунајтед доби големо засилување во пресрет на продолжението на сезоната во Премиер-лигата, Лук Шо се врати на тренинзите. Тој тренираше со првата екипа во пресрет на мечот од Премиер-лигата против Евертон в недела“, се вели во соопштението на гигантот од „Олд Трафорд“.
Јунајтед моментно се наоѓа на шестото место на табелата, со седум бода заостанување во однос на лидерот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

