Првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи, реши да ги награди сите вработени во францускиот фудбалски првак, водејќи ги во живо да го следат големото финале на ЛШ против Интер што ќе се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен на 31 мај.
Ова ќе биде второ финале на „светците“ во клупската историја откако во 2020 во Лисабон загубија од Баерн Минхен со 0-1, но Ал Келаифи со ваквиот потег сака да испрати благодарност до сите 600 вработени за професионалноста со која ги извршуваат обврските.
„Горди сме што сме едно семејство, семејство ПСЖ кое гордо го претставува Париз, ја претставува цела Франција на големата сцена. Затоа, сите наши вработени ќе имаат можност во живо да го бодат тимот на финалето во Лигата на Шампионите. Ви благодарам за вашиот труд, посветеност, професионализам, но најмногу од се, за страста што ја чувствувате кон ПСЖ“, се вели во писмото што Ал Келаифи го напишал до вработените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

