Навивачите на Партизан имаат причина за славје откако капитенот на „црно-белите“, Кевин Пантер, одби неколку богати евролигашки понуди за да остане во редовите на АБА-шампионот. Иако во текот на вчерашниот ден се тврдеше дека Пантер е пред потпис со Барселона, Американецот на крајот ги одбил каталонците и реши да потпише нов договор со Партизан.
Партизан ја потврди одличната вест со фотографија на својот официјален твитер профил, а според српските медиуми, новиот договор ќе биде со двогодишна важност.
Kapiten ostaje u crno-belom dresu.#KKPartizan pic.twitter.com/KS5rpNIr9X
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 29, 2023
Останувањето на капитенот е потврда на големите амбиции на „црно-белите“, а се очекува заедно со Пантер да остане и искусниот Џејмс Нанали.
Тимот досега го напушти Матијас Лесор, кој потпиша за Панатинаикос, пред потпис со истиот клуб се наоѓа и Папапетру, а на излезна врата е уште и Зек Лидеј, кој побарал двојно зголемување на платата во Партизан, бил одбиен од страна на „црно-белите“ и сеега е пред трансфер во Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА