Лудило во Бирмингем! Астон Вила со два гола брзо дојде до предност против ПСЖ, и сега е блиску да го стигне резултатот од првиот меч кој беше 3-1 во корист на францускиот тим.
ПСЖ имаше предност од 1-2 на полувремето, и се чинеше дека е веќе во следната фаза. Меѓутоа англиската екипа најпрво со спектакуларен гол на Мекгин дојде до израмнување, а потоа Конса погоди за 3-2.
И тоа не беше се. Тилеманс имаше прекрасна шанса и за 4-2, но Донарума со фантастична интервенција спаси катастрофа на ПСЖ.
Борусија Дортмунд можеше да се надева на чудо откако поведе и со 2-0 во дуелот кој се игра на „Вестфален“, но многу брзо Барселона постигна гол и намали на 2-1, па се чини дека таму патникот во полуфиналето е веќе познат.
Гираси на стартот на вторито дел погоди уште еднаш за 2-0, по еден изведен корнер и големо невнимание на одбраната на Каталонците. Сепак, неколку минути подоцна Бенсебаини си постигна автогол, и така Барселона повторно е на три разлика од овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА