Голем пресврт на Панатинаикос во Каунас, неславен „кам-бек“ на Пешиќ во Баерн Минхен

Благодарение на одличното второ полувреме, Панатинаикос славеше триумф на гостувањето во Каунас кај Жалгирис со 85-92. Неверојатно е тоа што на стартот од третата четвртина, Жалгирис дојде до предност од 14 поени предност, која ја прокоцка, а Панатинаикос не само што го сврте мечот, туку имаше предност и од 10 поени во последниот период.

Домашниот тим носен од своите навивачи првата четвртина ја доби со 29-19, за на полувреме да замине со 10 поени разлика, а потоа и со +14, за потоа да почне шоуто на грчкиот тим во Каунас.

Чеди Осман беше најефикасен со 22 поени, а исто толку постигна и Рајт кај Жалгирис. Ти-Џеј Шортс имаше учинок од 15 поени, и дури 10 асистенции.

Искусниот Светислав Пешиќ имаше неславен „кам-бек“ на клупата на Баерн Минхен, откако беше поразен на домашен терен од Хапоел Тел Авив со 84-72.

Израелската екипа во текот на целиот меч доминираше, за во третиот период даим дури +23 поени на своето конто, предност од која Германците не успеаја да се вратат до крајот, и само успеаја да ублажат.

Брајант кај Хапоел и Обст кај Баерн со 18 поени беа најефикасни поединци на мечот.

Се вчитува...