Голем пресврт: Влаховиќ останува верен на „старата дама“?

По големите пресврти и општ хаос, сагата околу иднината на Душан Влаховиќ би можела да има неочекуван епилог.

Сагата со ова прашање трае веќе две години откако Јувентус и Влаховиќ не можеа да најдат заеднички јазик околу нов договор.

Јуве сакаше да го задржи, Србинот побара повеќе отколку што клубот од Торино сакаше да издвои, а потоа падна во втор план и се префрли на трансфер листата. Влаховиќ не успеа да го напушти Јувентус за обештетување, се чинеше дека ќе го напушти клубот штом му истече договорот, но може да дојде до целосен пресврт!

Имено, познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо вели дека Душан Влаховиќ би можел сепак да остане фудбалер на Јувентус, бидејќи се очекува дека во наредните денови преговорите со раководството за нов договор повторно ќе започнат!

Влаховиќ нема премногу добри понуди, а има одлични односи со тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, па тоа би можело да биде картата на која ќе игра Јувентус.

Италијанските медиуми објавија и дека годишната плата на Влаховиќ во Јувентус е 19,44 милиони евра (бруто, без даноци), па е јасно дека гигантот од Торино не може повторно да си дозволи да плати толку многу. Доколку Влаховиќ ја намали границата, а „Коријере дело спорт“ пишува дека би бил задоволен со 10 милиони евра годишна заработка, како и бонус за потпишување од 15 милиони евра, би можело да дојде до продолжување на соработката.

Се вчитува...