Навивачите на Лион имаат причина за славје откако денеска беше обелоденето дека овој клуб ќе продолжи да се натпреварува во француското елитно друштво иако неодамна беше исфрлен во понизок ранг на натпреварување.
Големите долгови и финансиската нестабилност што се зголемуваа со месеци беа причина Лион да биде исфрлен од Првата лига, но челниците на клубот во изминатите петнаесетина дена направија многу повеќе отколку во сиот претходен период. Откако покрија голем дел од парите што ги должеа, а покажаа и гаранции за ликвидност за наредната сезона, Надзорното финансиско тело при Француската Фудбалска Федерација се согласи да ја прифати жалбата на Лион, давајќи зелено светло овој тим да остане во Лига 1 и за сезоната 2025/26.
Управата на клубот во изминатите десетина дена имаше интензивни разговори и со УЕФА, од каде доби ветување дека тимот ќе го задржи местото во Лигата на Европа доколку не биде исфрлен од домашното првенство, па Лион од работ на амбисот сега останува дел и од елитното француско друштво, но и од европските натпреварувања за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

