Голем пресврт во Мадрид: Перез со нов договор за ѕвездата која беше пред напуштање на Реал

На „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува мал летен ремонт на тимот на Реал Мадрид. Особено се очекуваат промени во одбраната на „кралевите“, која оваа сезона има доста проблеми, и покрај тоа што беа донесени Хујсен, Трент Александар-Арнолд и Карерас.

Се шпекулираше дека на неколку играчи Реал Мадрид ќе им се заблагодари и ќе им ја покаже излезната врата. Пред се тука се мисли на Давид Алаба, а пред заминување беше и Антонио Рудигер.

И додека процентот за заминување на Алаба и натаму е висок, за германскиот интернационалец истиот се намалува. По доаѓањето на клупата на Алваро Албероа, Рудигер почна да игра стандарно, и тоа добро во одбраната, се зацврсти последниот „бедем“ пред голманите, па затоа сега се случува пресврт во таборот на „кралевите“.

Сега Рудигер е пред останување во Реал Мадрид, па дури газдата Флорентино Перез наскоро ќе му понуди нова соработка, со што 33-годишниот Германец ќе остане подолго во таборот на Реал. Актуелниот договор на Рудигер е од крајот на сезоната, но во следните денови се очекува да биде продолжен на барем уште една година.

Се вчитува...