Голем пресврт во Торино: Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус

Иако во последните преодни рокови беше на излезна врата во Јувентус, сепак, српскиот интернационалец Душан Влаховиќ би можел да остане во Торино и во следните години.

Како што е познато, Влаховиќ и неговиот клуб не успеаја да се договорат околу платта за да потпише нов договор. Србинот инсистираше на 12 милиони евра, што е бројката која ја заработува во моментов, но челниците на „Старата дама“ сакаа да му ја намалат, и да вклучат бонуси за голови и трофеи.

Иако Милан и Јувентус го чекаа исходот, сега на повидок е голем пресврт. Италијанците тврдат дека Јувентус е подготвен повторно да седне и да разговара со Влаховиќ. Напаѓачот исто така покажува желба да остане во клубот, откако разговорал со Спалети, кого го гледа за клучна фигура во нападот.

Така што очигледно е дека наскоро ќе дојде до разговори, овојпат со надеж дека ќе се најде заеднички јазик.

Се вчитува...