Голем проблем: Аталанта остана без двајца важни играчи во Париз

Аталанта загуби убедливо на гостувањето против ПСЖ, но уште поголем проблем за тренерот Јуриќ претставуваат повредите на двајца клучни првотимци на тимот од Бергамо.

Најдобриот дефанзивец Џорџо Скалвини и напаѓачот Чарлс де Кетеларе заработија повреди во Париз, а првичните прогнози воопшто не се позитиви за Јуриќ. Врз двајцата првотимци ќе бидат извршени детални прегледи по враќањето во Бергамо, но „Скај Италија“ тврди дека двајцата сигурно ќе паузираат викендов против Торино, а големи се шансите да пропуштат уште по неколку натпревари за својата екипа.

Аталанта од стартот на сезонава е и без помошта на Адебола Лукман, чија иднина во клубот се уште е неизвесна по штрајкот летово и пропаднатиот трансфер во Интер.

Се вчитува...