Голем проблем: Македонија остана без леви крила на ова ЕП

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија ја очекува пресметка со Романија во вторник, дуел за кој селекторот Лазаров се соочува со огромни проблеми на позицијата лево крило.

Петар Атанасијевиќ поради повреда не беше во можност да настапи (се обиде, но веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен) против Португалија, а проблемите се зголемија откако Иван Џонов настрада при еден дуел во одбраната и остана да лежи на теренот.

Џонов се обиде со тестови за време на полувремето, но стана јасно дека и кај него проблемот е сериозен и крилото на Алкалоид мораше да го проследи вториот дел од трибините.

Првото полувреме го доигравме со пивотите Стојковиќ и Аларов на лево крило, а во второто полувреме таа улога ја доби, и одлично се снајде во неа Павле Атанасијевиќ.

Речиси невозможно е Џонов или Петар Атанасијевиќ да се опорават навреме за Романија, што само дополнително ќе ни ја отежни работата на третиот меч од групата.

Се вчитува...