Еурофарм Пелистер ќе биде значително ослабен на вечерашниот меч за титулата откако Јосип Периќ отпадна од комбинација за настап на пресметката со Вардар.
Средниот бек неодамна се рехабилитираше од повредата, но очигледно во меѓувреме состојбата се влошила, па Периќ воопшто не се најде во протоколот и дуелот ќе го следи од трибините. Крај него се наоѓа Анте Гаџа, средниот бек на Вардар кој се повреди неодамна и најверојатно ќе биде „во аут“ до крајот на сезонава.
Добра вест за Вардар е што во тимот се наоѓаат Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов, кои беа неизвесни по последниот меч со Тиквеш (Дибиров воопшто не настапи во Кавадарци, а Стоилов се повреди, но ќе стисне заби за настап во Битола).
Еурофарм Пелистер го доби првото дерби во плејофот во Скопје без помошта на Периќ, останува да се види дали истото ќе биде случај и вечерва во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА