Германскиот првак Баерн Минхен е во сериозен проблем, откако стана јасно дека Бразилецот Даглас Коста ќе мора да го пропушти најмалку првиот дуел со Реал Мадрид од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На 12.април баварскиот клуб на „Алијанц арена“ го пречекува актуелниот европски клупски првак, а Даглас Коста има сериозна повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените најмалку три седмици. Всушност, можно е и да отсуствува до крајот на сезоната во најлошата варијанта.
Даглас Коста заработи повреда на лигаментите на левото колено, а лекарскиот тим се уште размислува каков да биде третманот за него во наредниот период. Доколку биде конзервативен, Бразилецот ќе мора да мирува одреден период и нема гаранција дека ќе се опорави навреме за дуелите со Реал Мадрид во ЛШ, како и полуфиналето на Купот на Германија против Борусија Дортмунд. Втората опција е уште поразочарувачка за Баерн Минхен, а тоа е Даглас Коста да замине на операција и да отсуствува најмалку два месеци од фудбалските терени, или до крајот на актуелната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА