Барселона се соочува со огромни проблеми бидејќи лошата форма не е единственото нешто што го загрижува Ханси Флик. Германскиот стратег нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите поединци во тимот, младата ѕвезда Ламин Јамал во следниот месец.
Младиот талентиран шпански фудбалер заработи повреда на лигаментот на зглобот и го очекува пауза од три до четири месеци.
Тоа значи дека Барселона ќе мора да се снајде без неговите услуги во предизвиците кои следат како дуелот со Атлетико Мадрид, натпревар кој може да биде и одлучувачки по шампионските амбиции.
Покрај тоа мала е веројатноста дека Јамал ќе се врати на почетокот на месец јануари за предизвиците во Купот на Шпанија и Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА