Голем проблем за Барселона пред финалето во Купот на Шпанија

Тренерот на Барселона, Ханси Флик нема да може да смета на услугите на Роберт Левандовски и Алехандро Балде за финалето во Купот во кое каталонците ќе се сретнат со вечниот ривал Реал Мадрид.

Во соопштението на клубот е наведено дека дел од тимот поради повреди нема да бидат ниту Марк Бернал и Марк Касадо, но ќе биде Марк Андре Тер Штеген, капитенот кој успешно се рехабилитираше по повредата на десното колено.

Натпреварот ќе биде одигран утре (сабота) со почеток од 22 часот во Севилја.

Се вчитува...