Голем проблем за Бетис: Поради тешка повреда Иско ќе биде три месеци надвор од терените

Фудбалерот на Бетис, Иско, ја скрши фибулата на левата нога, објави шпанскиот клуб.

Иско се повреди на пријателски натпревар против Малага, а Бетис изјави дека шпанскиот играч од средниот ред „ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели“ и дека „неговото враќање ќе зависи од напредокот на повредата“. Сепак, шпанските медиуми објавија дека Иско ќе отсуствува од теренот околу три месеци.

„Ова е нова трауматска повреда која не е поврзана со претходна повреда која е санирана“, додаде Бетис во соопштението.

Иско (33) беше прогласен за најдобар играч на Конференциската лига минатата сезона, во која со Бетис стигна до финалето, а беше избран и во идеалниот тим на шпанската Ла Лига.

Пред да дојде во Бетис, играше за Севилја, Реал Мадрид, Малага и Валенсија, додека за шпанската репрезентација одигра вкупно 39 натпревари и постигна 12 гола.

Се вчитува...