Голем проблем за битолчани: Голманот Хеидариад ја обнови повредата

Пелистер триумфално ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, но триумфот над Загреб беше скапо платен откако голмаонт Саид Хеидариад заработи незгодна повреда поради која ќе отсуствува извесен период надвор од терените.

Иранецот влезе во игра во второто полувреме и имаше неколку извонредни интервенции во клучните моменти, воедно постигнувајќи го и последниот гол за триумфот над Загреб. За жал, настапот на овој меч значеше и обновување на повредата заработена на турнирот во Охрид, па „пелистерци“ ќе мора да се снаоѓаат без популарниот „нинџа“ во наредниот период.

Точната пауза не е наведена, но „пелистерци“ објавија дека станува збор за парцијална руптура на задната ложа, повреда при која најчесто се паузира над еден месец од спортските терени.

Пелистер во овој период ќе одигра дуели со ПСЖ, Гог, Висла и Барселона во Лигата на Шампионите (до средината на месец октомври), период во кој тренерот Гарабаја ќе може да смета на македонскиот тандем голмани, Никола Митревски – Давид Брестовац.

Се вчитува...