Голем проблем за Бразил: Без Винисиус против Перу и Чиле

Репрезентацијата на Бразил се соочува со големи проблеми пред октомвриските натпревари во квалификациите за Светското првенство бидејќи за нив нема да може да смета на голгетерот Винисиус Џуниор.

Напаѓачот на Реал Мадрид доживеа повреда во натпреварот против Вилјареал во деветтото коло на шпанското првенство и нема да биде во комбинација за настап на натпреварите против Перу и Чиле, соопшти и шпанскиот прволигаш.

Винисиус заработил повреда на вратот, повреда која не е наивна и ќе го оддалечи од теренот. Колку долго ќе биде неговото отсуство сепак ќе биде познато по деталните прегледи.

Се вчитува...