Голем проблем за фаворитот: Србија без капитенот Богдановиќ до крајот на Евробаскетот

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ заработи повреда на задната ложа во вториот натпревар на Евробаскетот против Португалија по што не се појави повторно на теренот.

Повредите на задна ложа се едни од најпредизвикувачките во спортскиот свет па затоа беше побарана помош и од страна на американски доктори, а и покрај тоа што постоеше надеж дека искусниот „шутер“ ќе успее да се врати на теренот во походот кон долгопосакуваниот златен медал, кошаркарската федерација на Србија денеска сподели лоша вест.

Богдановиќ заработи потешка повреда и нема да може да им помогне на соиграчите до крајот на континенталниот собир што е огромен проблем за Србија.

Се вчитува...