Галатасарај се соочува со сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната откако Виктор Осимен мораше да биде опериран по повредата заработена во првото полувреме од реваншот во ЛШ против Ливерпул.
Најдобриот напаѓач на Галата настрада при еден дуел со Конате на самиот почеток од мечот, здобивајќи се со скршеница на раката. Осимен се обиде да продолжи, но наскоро стана очигледно дека тоа е невозможно и нигерискиот голгетер мораше да биде заменет.
Галатасарај попладнево објави дека врз големиот ас е извршен успешен хируршки зафат на десната рака. Притоа не беше обелоденето колку време турскиот првак ќе мора да биде без својот најдобар стрелец, но медиумите повикувајќи се на извори од лекарскиот тим на Галата тврдат дека паузата нема да изнесува помалку од еден месец.
Осимен сезонава настапи на 29 натпревари за Галатасарја, притоа постигнувајќи 19 гола и 7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

