Голем проблем за Галатасарај – се повреди Виктор Осимен

Репрезентативната пауза донесе сериозен проблем за Галатасарај, откако Виктор Осимен се врати повреден по настапите за нигериската репрезентација.

Голгетерот остана разочаран откако неговата селекција не успеа да обезбеди пласман на СП 2026, згора на тоа заработи и повреда на финалниот меч поради која веднаш по враќањето во Истанбул мораше да замине на лекарски рпегледи.

„Деталните прегледи врз нашиот фудбалер Виктор Осимен покажаа истегнување и мало крвавење во мускулот на левата нога. Рехабилитациската програма веќе стартуваше“, објави Галатасарај.

Првите прогнози говорат дека големиот ас ќе паузира најмалку две седмици, тој сигурно ќе ги пропушти следните средби со Генчлербирлиги (во турското првенство) и со Унион (во ЛШ), а крајно неизвесен е неговиот настап на вечното дерби со Фенербахче.

Се вчитува...