Голем проблем за Голден Стејт: Колку ќе паузира Стеф Кари

Голден Стејт Вориорс се соочува со голем проблем при самиот крај на регуларниот дел од сезоната откако „воините“ останаа без својот најдобар кошаркар Стеф Кари.

Бекот ја повреди десната нога на натпреварот против Чикаго при крајот на третата четвртина и според првичните информации кои доаѓаа од САД станува збор за потешка повреда која ќе го оддалечи од теренот и до месец дена. Најновите информации сепак се пооптимистички и велат дека големиот ас нема оштетување на лигаментите и ќе пропушти само неколку натпревари на својот тим.

Најдобриот „шутер“ на сите времиња оваа сезона бележи просек од 26.9 поени, 5.0 асистенции и 4.4 скокови по натпревар.

Се вчитува...