Пеп Гвардиола се соочува со огромен проблем пред самиот крај на сезонава откако Кевин де Бруин заработи нова повреда поради која ќе мора да пропушти уште неколку натпревари на „граѓаните“.
Белгиецот цела сезона мака мачи со повредите, конечно успеа да врзе еден месец настапи за Сити, но во првото полувреме од дуелот со Тотенхем ја шутна топката во аут, седнувајќи на теренот и сигнализирајќи дека лекарскиот тим мора да интервенира. Де Бруин веднаш беше заменет и испратен со аплаузи од навивачите, но јасно е дека неговото отсуство во самиот финиш од сезоната ќе биде сериозен проблем за Гвардиола.
Дополнителни лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговата пауза од терените, но речиси сигурно е дека Де Бруин ќе го пропушти големото градско дерби со Манчестер Јунајтед што ќе се игра в среда на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА