Голем проблем за Интер – се повреди Лаутаро

Интер ќе мора да брка негатива од два гола на реваншот со Бодо Глимт од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите, а големи се шансите дека „нероаѕурите“ ќе тргнат во оваа мисија без својот најдобар фудбалер, капитенот Лаутаро Мартинез.

Вештачката трева во Норвешка им создаваше проблеми во играта на „нероаѕурите“, избраниците на Киву во одредени моменти од мечот имаа проблеми во движењето, а најлошо од сите мина Лаутаро. Аргентинецот се пожали на повреда по десетина минути игра во второто полувреме, беше заменет со Турам, по што наместо на клупата веднаш се упати кон соблекувалната каде му беше дадена медицинска помош.

Се очекува по враќањето назад во Милано врз капитенот на Интер да бидат извршени детални прегледи, по што ќе биде јасно колку ќе изнесува паузата и она најважното – дали аргентинскиот ас ќе го предводи нападот на Интер на реваншот со Бодо.

Се вчитува...