Голем проблем за Инзаги: Интер без Лукаку на градското дерби со Милан

Интер претрпе пораз на гостувањето против Лацио, но уште поголем проблем за тренерот Симоне Инзаги претставува повредата на Ромелу Лукаку.

Станува збор за болка во мускулот поради која Лукаку морал да биде заменет во петокот на „Олимпико“. „Нероаѕурите“ се во исчекување на резултатите од деталните прегледи, но веќе е јасно дека Лукаку ќе пропушти најмалку две средби на Интер, домашниот дуел со Кремонезе закажан за вторник, како и големото градско дерби против Милан што е на програмата наредниот викенд.

Доколку се реализираат најавите дека Лукаку би паузирал три седмици, тоа ќе значи неиграње и на дуелот со Торино, како и на отворањето на новата сезона од ЛШ и пресметката со Баерн Минхен.

Се вчитува...