Ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди на вчерашниот натпревар против Верона претрпе сериозна повреда која ќе го оддалечи од теренот до 2025 година, потврди и италијанскиот прволигаш.
По деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на Ахиловта пета поради која ќе мора да замине на операција и истата ќе биде извршена утре во Болоња.
Повредата на Берарди значи дека и италијанската репрезентација ќе биде сериозно ослабена на престојното Европско првенство кое оваа година ќе се одржи во Германија.
Во групната фаза Италијанците силите ќе си ги одмерат со Шпанија, Хрватска и Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА