Ерик тен Хаг се соочува со нов огромен проблем околу составот на Манчестер Јунајтед по најновата повреда што ја заработи Лук Шо, кој мораше предвреме да го заврши последниот дуел со Лутон.
Левиот бек се пожали на болка во мускулот, а деталните прегледи покажаа дека проблемот е сериозен бидејќи станува збор за обновување на стара повреда од минатото. Ова ќе значи повеќемесечна пауза за англискиот репрезентативец, а многу лесно може да се случи тој воопшто да не се врати на терените до крајот на сезонава. Ова е нов проблем за Шо ако се знае дека искусниот дефанзивец веќе пропушти три месеци од оваа сезона, исто така поради повреда на мускулот.
Позицијата лев бек станува најголем проблем за Тен Хаг, ако се знае дека Маласија цела сезона е во аут поради тешка повреда на коленото. Исто така, Лисандро Мартинез кој добро се снаоѓа и на оваа позиција, ќе мора да паузира уште два месеци по последната повреда што ја заработи Аргентинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА