Ливерпул рутински славеше на гостувањето против Шефилд Јунајтед со 0-2, но Јирген Клоп по мечот ја соопшти лошата вест за „црвените“, Жоел Матип има тешка повреда на коленото поради која искусниот дефанзивец речиси сигурно ќе биде „во аут“ до крајот на сезоната.
Матип се повреди во финишот од претходниот меч со Фулам, Клоп уште тогаш најави дека проблемот не е нималку наивен, за синоќа само да ги потврди лошите вести.
„За жал, се оствари она од што стравував од првиот момент на повредата. Матип ги скина вкрстените лигаменти во коленото“, изјави Клоп.
Повреда на дуелот со Шефилд заработи и Мекалистер, кој ќе мора да мине извесно време надвор од терените.
„Тој имаше исекотина во пределот на коленото, се обиде да продолжи, но во второто полувреме веќе беше невозможно. Ќе видиме кога ќе може да се врати на терен, се надевам дека нема да отсуствува премногу долго“, прокоментира стратегот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА